COACH ERA Group





 


 
 

 





 

ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА И ПРОФИТ

Златниот клуч за зголемување на профитот продуктивноста, и организациското единство во вашиот бизнис.
МЕНАЏИРАЈТЕ УСПЕШНО, БЕЗ ДА БИДЕТЕ ЗАРОБЕН
ОД СВОЈОТ БИЗНИС.



ok


“КУЛТУРАТА ЈА ЈАДЕ СТРАТЕГИЈАТА ЗА ДОРУЧЕК”

На жал, горната реченица е апсолутна вистина и вие, како и многу други бизниси и организации, во континуитет ќе се мачите со слабата продуктивност и перформанси на вработените, минималната заработка и континуираниот стрес, се додека не започнете да ја мерите и менаџирате вашата организациска култура.

Неусогласената култура и штетните однесувања кои произлегуваат од истата, буквално ја рушат и најдобрата стратегија која може да ја има една организација. Се додека не го решите овој проблем и создадете култура која е кохезивна, иновативна и ги поддржува вашите активности, го осудувате бизнисот на хронично страдање и губење на огромна продуктивна енергија и многу од вашиот профит.  

П = С х К

Профитот (и перформансите) се еднакви на
активностите/стратегијата помножена со културата

Профитот е слаб ако културата е слаба, без разлика на стратегијата.
Профитот е одличен ако културата е одлична.

  

ТОА ШТО МОЖЕШ ДА ГО ИЗМЕРИШ, МОЖЕШ ДА ГО МЕНАЏИРАШ


Замислете ја сега вашата организација - вашиот тим, како еден брз и елегантен глисер кој безнапорно плови. Замислете како културата и однесувањата на вработените во вашата организација се хармонични и усогласени со стратешките активности при што културата ја поддржува
вашата стратегија
во секој чекор.
Замислете дури дека имате култура на континуирана иновација каде што креативноста е секојдневност која ги краси вашите производи, услуги, маркетинг...
Сето ова е можно само ако ја знаете - мерите културата
и ја менаџирате истата.

 

ДВА ПРИМЕРА

пример 1
РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Во периодот 2007-2009 тогашната влада на Македонија прави неколку позитивни стратешки чекори за развојот на туризмот во земјата.

1. Ја маркетира Македонија како туристичка дестинација на CNN и неколку останати светски телевизии
2. Ги дава под концесија двата меѓународни аеродроми во Скопје и Охрид
на светски реномираниот аеродромски оператор TAV
3. Го привлекува нискобуџетниот авиопревозник WIZZ Air

Првичните резултати се во нагорна линија, зголемен е бројот на туристи во
Македонија а Холаднсдките гости повторно доаѓаат во големи броеви.
(ова е стратегијата)

Новопривлечените гости ги пречекува (културата).
Пластики на плажите и диви депонии по патиштата.
Убиство на Српски турист среде Охрид во 2010-та.
Тонење на брод со патници и смрта на Бугарски туристи...

И наместо максимално да се профитира од скапите стратешки активности,
штетните однесувања во културата го јадат профитот секоја година.

Ете зошто “КУЛТУРАТА ЈА ЈАДЕ СТРАТЕГИЈАТА ЗА ДОРУЧЕК”

а равенката е апсолутно точна.

П = С х К




пример 2
UNILEVER БРАЗИЛ

После неколку декади на силен развојна на Унилевер Бразил, во 2004/05 приходите се намалуваат.
Кеес Крутхоф, тогашниот извршен директор на Унилевер Бразил заедно со својот егзекутивен тим ја лансираат програмата за подобрување на перформансите и приходите. Покрај стратешките предизвици и менаџирањето со операциите, клучен фокус се става на организациската култура во компанијата.  Унилевер Бразил започнува да сонува како би изгледала компанијата кога би била “подобра од доброто” – “Greater than Great”. На почеток на овој процес нивниот извршен директор Кеес Крутхов изјавува:

"Доколку не ја промениме нашата култура, нема никогаш да
ги постигнеме нашите највисоки бизнис цел". 

За само 18 месеци од почетокот на програмата за менаџирање на културата резултатите во компанијата се подобруваат.

Поплаките од клиентите се намалиле од 31% во 2007 на 21% во 2009 (по милиони продадени артикли).

Услугата кон клиентот, мерена по навреме завршени случаи се подобрила од 71% во 2007 на 91% во 2009.

Порастот на продажбата пораснал од 3.2% годишно (во периодот од 2002 – 07, пред трансформацијата) на 7% во 2008/09.

 

БЕНЕФИТИ ОД МЕНАЏИРАЊЕТО НА КУЛТУРАТА

Создавањето кохезивна култура која ја поддржува вашата стратегија најдиректно ќе ги подобри сите ваши перформанси.
Ќе ви заштеди милионски суми, ресурси, време и најважно од се, ќе влијае на зголемување на вашиот профит.

Компаниите со здрава култура се најдобрите, најкреативни и
најпродуктивни места за работење, каде што и лидерите и вработените
се мотивирани и исполнети. Водењето и работењето во
ваква компанија ќе претставува задоволство и гордост за сите.

Создавањето на исклучителна култура меѓу останатите работи ќе
ве стави на пиедесталот на лидери кои инспирираат со исклучителноста
во своето работење и се пример кој сите останати сакаат да го следат.



Виктор Куновски e прв и засега единствен сертифициран консултант
во Македонија за мерење и менаџирање на организациската култура
од страна на светските лидери во оваа област Barrett Values Centre.
Над 7000 компании и организации ширум светот ги користеле алатките и услугите на оваа консултантска куќа.
Виктор го менаџира првото мерење на културата во Македонија во Мај
2009, со што Македонија станува и прва земја во Југоисточна Европа
која ја мери својата култура. Искуствата од овој проект се преточени во неговата најнова книга Дијамантско Лидерство, која излезе од печат во
летото 2016. Англиската верзија на истата книга, истото лето се рангираше
меѓу 10те најпродаваните книги на Амазон по организациска психологија.

Меѓу другото, тој е првенец на бизнис коучингот во Македонија и во регионот.
Уште во 2004 прв во Македонија пишува на оваа тема во бизнис магазинот КАПИТАЛ. Тој е прв кој коучира менаџери и предприемачи уште во
2005/06 во рамки на проектот за развој на човечки ресурси (HRDF1).
Неговата студија за случај од овој проeкт е првата публикувана коучинг
студија во Македонија и на балканот. Истата е објавена во коучинг
книгата на Карол Вилсон - “Најдобрите пракси по перформансен коучинг – прирачник за лидери, коучеви и специјалисти по Човечки Ресурси и Организациски Развој - (“Best Practice in Performance Coaching -
A Handbook for Leaders, Coaches, HR Professionals and Organizations”).

Виктор е и прв бизнис коуч кој работи на голема корпоративна коучинг програма за Македонски Телеком уште во 2009.
Има коучирано извршни директори и тимови во банкарскиот и осигурителниот сектор, IT и телекомуникацискиот сектор, здраствениот, секторот за туризам и голем број на мали и средни претпријатија.
Тој е ко-автор на “Сетската книга на Вредности” – (“World book of Values”).

 

Доколку сте сопственик на бизнис, бизнис лидер, HR менаџер или предприемач
кој има искрена намера и амбиција да го максимизира профитот,
подобри продуктивноста, иновативноста и создаде организациско единство.

ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ И ДОБИЈТЕ
стратешка консултација на која ќе ви покажам:

Како да ја мерите и менаџирате културата во организацијата со што
ќе заштедите милиони денари, многу енергија, ресурси и ќе создадете
извонредни резултати.


Виктор Куновски
Телефон
или Вибер: 00389 070 99 13 20
мејл:
viktor@skyisthelimit.org




Регистрирај се и добивај бесплатна едукација: име* E-mail*

следете на

in t fb

©КОУЧ ЕРА 2017