COACH ERA Group





 
 
 
  Услуги Кига    




 

КРЕАТИВЕН БИЗНИС СОСТАНОК

Како менаџерите и лидерите ги претвараат непродуктивните
состаноци во инспиративни лаборатории кои создаваат
континуирана тимска кохезија и иновација.  



ok

 


Ако ви е преку глава од вашите долги, непродуктивни состаночења, на кои крајот им е поконфузен од почетокот, а идните стратешки чекори ви се нејасни, непостоечки или им се јасни само на еден или двајца од вас, а останатите климаат од збунетост...  

- тогаш треба да знаете за оваа иновативна коучинг интервенција, која е специјално дизајнирана за ослободување на тимската креативност, иновација и продуктивност.


Замислете дека на секој ваш состанок доаѓате до најиновативното решение за вашиот моментален тимски предизвик, следната стратешка цел ви е многу појасна, а целиот тим е усогласен позади акциониот план за достигање на највисоката цел.
  

Во последните години, неколку клиенти ми се пожалија дека имаат
идентичен предизвик. Имено неколку клучни проблеми им се појавуваат
и повторуваат на состаноците на кои присуствуваат и/или ги водат:

  • Една личност или малкумина доминира со своите монолози
  • Останатите глумат заинтересираност бидејки мораат -
    инаку се тотално исклучени
  • постои атмосфера на натпревар и самодокажување, но не и на ко-креација. Тимот е неусогласен и дава просечни резултати.
  • Состаноците траат предолго и се базирани на долга
    конфузна и непродуктивна агенда
  • Креативноста, иновативност и продуктивноста се тотално непостоечки

    Пресметавме дека во вакви услови, тим од 10 члена кој има само еден состанок неделно со траење од 2 часа, на месечно ниво губи
    86.6 менаџерски работни часа на непродуктивни состаночења
    или 1040 часа годишно.
    Ова се само временски потрошените ресурси, да не ги спомнуваме потрошената продуктивност.

    Имајки го овој сериозен проблем во многу тимови и организации и со намера да изнајдеме креативно решение за истиот,
    дизајнираме 120 минутна коучинг интервенција која ја нарековме
    КРЕАТИВЕН БИЗНИС СОСТАНОК.

    Скоро без исклучок - крајните резултати и

    БЕНЕФИТИ ОД КРЕАТИВНИОТ БИЗНИС СОСТАНОК

    кои ни ги соопштуваа клиентите беа:

    Тимот е обединет и кохезивен кон целта/целите и ги остварува во пократок рок, со зголемена економичност и ефикасност.

    Зголемено колективно учење кое допринесува за подобрен квалитет на услугата и/или производот кој го нуди тимот.

    Зголемена доверба и блискост помеѓу членовите во тимот која создава атмосвера на сигурност, не-осудување и не-критикување која е клучна за слободно експериментирање со нови можности и прототипи. Ова резултра со раѓање на нова тимска кокреација и зголемена креативност и иновативност.

    Континуираната примена на креативниот состанок води кон
    создавање на култура на иновативност и создава кохезија во организацијата.



Виктор Куновски е првенец на бизнис коучингот во
Македонија и во регионот.
Уште во 2005 прв во Македонија пишува на оваа тема во бизнис магазинот КАПИТАЛ. Тој е прв кој коучира менаџери и предприемачи уште во
2005/06 во рамки на проектот за развој на човечки ресурси (HRDF1).
Неговата студија за случај од овој проeкт е првата публикувана коучинг
студија во Македонија и на балканот. Истата е објавена во коучинг
книгата на Карол Вилсон - “Најдобрите пракси по перформансен коучинг – прирачник за лидери, коучеви и специјалисти по Човечки Ресурси и Организациски Развој - (“Best Practice in Performance Coaching -
A Handbook for Leaders, Coaches, HR Professionals and Organizations”).

Виктор е и прв бизнис коуч кој работи на голема корпоративна коучинг програма за Македонски Телеком уште во 2009.
Има коучирано извршни директори и тимови во банкарскиот и осигурителниот сектор, IT и телекомуникацискиот сектор, здраствениот, секторот за туризам и голем број на мали и средни претпријатија.
Тој е ко-автор на “Сетската книга на Вредности” – (“World book of Values”)
Неговата најнова книга Дијамантско Лидерство излезе од печат во Македонија
летово 2016. Англиската верзија на истата книга, летото 2016 се рангираше меѓу 10те најпродавани книги на Амазон по организациска психологија.

Креативниот Бизнис Состанок е внимателно дизајниран, иновативен стратешки коучинг пакет од најмалку 6 последователни креативни состаноци во период од 3 месеци.
(секој со времетраење од 120 минути) кој се развива прогресивно.

Првите 2 до 3 состанока се само за клучните 2-3 членови на тимот/бизнисот.
(извршен директор или проектен менаџер)
Следните состаноци тимот внимателно се зголемува со членовите кои
се клучни за постигнување на најдобрите резултати.


ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ
закажете го вашиот прв креативен бизнис состанот

Доколку сте лидер кој има искрена намера и амбиција
за креирање на исклучителни резултати кои се
иновативни инспиративни и прават вистинска
разлика за вас и вашите вработени


Виктор Куновски

мејл:
viktor@skyisthelimit.org
или на фејсбук страната на КОУЧ ЕРА



Регистрирај се и добивај бесплатна едукација: име* E-mail*

следете на

in t fb

©КОУЧ ЕРА 2017